Земјотрес со јачина од 5,6 степени е регистриран во Индонезија
Земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска во Индонезија, во близина на Западен Тимор – дел од индонезиската провинција Источни Мали Сундски Острови.
Според германскиот истражувачки центар за геонауки земјотресот бил на длабочина од десет метри. Се посочува дека епицентарот на земјотресот е седум километри североисточно од градот Купанг, главното пристаниште во Индонезија, со население од околу 282.000 жители.
Ова е четврти земјотрес на индонезискиот архипелаг во последната недела.