Зголемен бројот на заразени со Ковид-19 во Грција, намален бројот на смртни случаи

Изминатата седмица, за 14 отсто се зголемил бројот на заразени со Ковид-19 во Грција, додека пак за 19 проценти се намалил бројот на смртни случаи, согласно неделниот извештај на Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), јави дописничката на МИА од Атина.

Во периодот од 31 октомври до 6 ноември 2022 година, биле регистрирани 61.139 случаи, од кои 25 проценти се реинфекции, а починаа 134 лица.

Направени биле 718.561 тест, со стапка на позитивност 8,51 отсто, наспроти 8,45 проценти една седмица претходно.

На одделите за интензивна нега во грчките болници 89 пациенти се приклучени на апарати, четири повеќе од минатата седмица.

Од почетокот на пандемијата во Грција се потврдени 5.250.288 случаи на Ковид-19, а починаа 33.888 лица.

Back to top button
Close