Зголемени увозните цени од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи

Увозните цени од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи (19) лани во ноември, биле повисоки за 2 отсто на месечно ниво и пониски за 37,5 проценти на годишно ниво.

Според податоците на Државниот завод за статистика, цената на моторниот бензин се намалила за 2,8 отсто на месечно ниво и за 39,8 отсто на годишно ниво, додека цената на дизелот пораснала за 3 проценти на месечно, а се намалила за 40,6 проценти на годишно ниво.

Увозните цени од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи (19) се наменети за преиспитување или мониторирање на трошоците направени од градежните претпријатија при изведувањето на процесот на изградба. Главни корисници на податоците се градежните претпријатија, кои се повикуваат на движењето на трошоците од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи (19) во калкулациите при склучувањето на градежните договори

Back to top button
Close