ВИДЕО: Жестока дебата со европратеник во Клик Плус – Ковачев нема одговор зошто го спори славењето на 11 Oктомври

Жестока дебата на бугарскиот европратеник Андреј Ковачев во магазинот на ТВ21 Клик плус. По одбележувањето на 11 Октомври како ден за борба против фашизмот тој, со обид да го оспори чествувањето на овој датум од македонската страна го нарече како наша провокација, што предизвика реакции во македонската јавност. Но запрашан што има спорно во одбележување на датум со кој се застанува на страната на антифашизмот, не даде конкретен одговор.

„Доаѓањето на власт на комунистичката диктатура не е никаков повод за чествување. Тоа во Бугарија е објавено како злосторнички режим. Од 44-та до 89-та година вие сакате да ја направите вашиот идентитет базиран на комунистичка диктатура“, посочи Андреј Ковачев.

Модератор: Пак не ми одговоривте …

„Тоа е ваше право што ќе правите тоа е ваш проблем. Ние сакаме да идеме напред во Европската унија заедно да си помагаме и сакаме да најдеме решенија за сегашните прашања кои се пред нас“, вели Ковачев.

Се движат ли преговорите во некаков ќор-сокак, министерот за надворешни работи Бујар Османи вели дека простор да се најде решение постои и кај Бугарија и кај Македонија а ваквите изјави ги смета како – дефинирање на просторот од страна на Бугарија во врска со прашањето за антифашистичката борба. Договорот за пријатество останува единствена рамка, а дополнителни иницијативи и меморандуми се излегување од рамката.

„Ова ја отвора темата која што Бугарија ја иницира темата за рехабилитација на жртвите од комунизмот и ние прашањето – да Бугарија била во коалиција со Хитлер во тој период. Ако се отворат отворено овие прашања доколку имало жртви на комунизмот ајде да видиме дали е тоа така и да ги рехабилитираме“, истакна Бујар Османи.

Во Клик плус учествуваше и Николај Краснев новинар во Бугарија вели дека за да се надминат овие прашања општествата треба да пораснат уште малку а дополнително состојбата се подгрева и со актуелно-политичката состојба во Бугарија која се соочува со масовни протести и овие теми вели тој се отвораат од ВМРО-БНД која се спрема за избори, вклучително и прашањето за Кирил и Методиј.

„Таа иницијатива не се гледа исто од јавноста во Бугарија, научната јавност во Бугарија не ја прифаќа таа иницијатива. Смета дека тоа е нешто погрешно, затоа што се затвора само во бугарскиот реал Кирил и Методиј, а не во славјанскиот каде што е создавач на европските вредности“, додаде Николај Краснев.

Во четвртокот и петокот Мешовитата македонско-бугарска комисија имаше средба во Скопје, но нема значителнен напредок во преговорите. Ликот на Гоце Делчев и натаму останува да биде спорен, а единствени чекори се направени во забелешките во македонските и бугарските учебници. . Во вторник во магазинот на ТВ21 Клик Плус во 21:30 ќе можете да ја проследите дебатата околу отворените прашања со Бугарија.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close