Жители од Оризари насилно влегле во просториите на ЕВН во Куманово,вработените побегнале уплашени

Жители на липковското село Оризари насилно влегле во просториите на подружницата на ЕВН во Куманово, потврдуваат од компанијата пренесе Кумановски муабети.

Мештаните на Оризари бараат да им се вклучи струја, откако вчера останаа без неа откако несовесните слупчанци искршија трансформатори и предизвикаа голема хаварија која остави без струја шест села и ГП „Табановце“.

Од ЕВН велат дека вработените на КЕЦ Куманово ги напуштиле работните места од безбедносни причини и непостоење на услови за работа.

– Се до создавање на нормални услови за работа, Корисничкиот енерго центар на ЕВН – Куманово нема да работи, велат од компанијата.

Цела ноќ екипи на Електродистрибуција работеле на санација на дефектите кои ги предизвикаа слупчанци во неколку села.

Во моментот е нормализирано снабдувањето со електрична енергија во селата Ваксинце, Алешевце, Руница, Извор и Белановце.

Back to top button
Close