ЗНАМЕ И СУКАЛО

Барем на 8 Септември да си дозволиме да се радуваме што имаме своја држава. Не е баш онаква каква што сме ја замислиле, ама наша си е. Со свое место на картата на светот. Ја одржавме сите ние – тие што останавме и тие што заминаа, а сѐ уште велат „дома“ кога мислат на Македонија.  И за тоа треба да си честитаме.

Многу убаво ми се ујдисуваат врвките. И тамам е што се баш тие – беџoт од Лондонската конференција за бивша Југославија 1992, Самитот на Европската заедница во Единбург 1992, Советот на Европа, Стразбур 1995, КЕБС, Лисабон 1995, Генералното собрание на ОН, Њујорк 1995, Солунскиот Самит на ЕУ, 2013, Самит на НАТО, Вашингтон 2024…

Таа сложена операција на врзување на јазлите со сукалото е овозможена затоа што сум бил таму како новинар. Сум известувал за држава што штотуку почнувала да се снаоѓа како независна.

Ретка привилегија е да живееш во време на создавање и зреење на сопствената држава. Како новинар, пак, мислам дека сум благословен дека не сум бил само сведок и записничар, туку и учесник во некои од историските настани.

И тоа многу ми значи.

Кај татко ми дома се зборувало на влашки и на македонски јазик. Кај мајка ми – на македонски. Ама и двајцата, кога биле деца, се школувале на јазици што не им биле мајчини.

Јас учев на македонски.

Пишувам на македонски.

Моите деца се родија и израснаа во независна македонска држава.

Целата колумна на Горан Михајловски на СДК.МК.

Back to top button
Close