Зошто е грев да се оди кај “автократот” Орбан, а е достоинство да се коленичи пoд “демократот“ Вучиќ за грст пшеница и пакетче вакцини!?

Би фудбалската еуфорија и замина, би историската победа над италијанското катанаџо и замина. Сега, ќе чекаме некоја нова наредна прилика, да не обедини како нација, во наредниве 100 години. Кој ќе преживее ќе раскажува.

Уште неоладени од победничкиот занес над италијанската фудбалска репрезентација, додека Цаци ги чека хартиите од Тупанчета, наш, мешеишки, би и замина глoдањето сува коска над резултатите од историскиот попис на населението: за едни европски – спектакуларен, за други aзијатски – криминален.

Кај нас и не е потребно нешто така крупно, како пописот, за да си ги ископаме очите, во се подлабоки ровови на поделеното национално ткиво. Ниту пак дешевката мора да биде баш тука, во домашниот двор.

На социјалните мрежи врие од коментари (осуди и одбрани) за една банална, реципрочно-возвратна посета на лидер на една политичка партија, кој, ете, зе заакал дури до преку две државни граници, за да бiде дел од честитањето и славењето на победничката паертија Фидес во Унгарија. Толку голема “што се гледа не само од мејстрим метрополата Брисел, туку и од перифериото на месечината!”.

Бидејќи живеам во Охрид, и известувам од Охрид, партијата (ајде сега да не го користиме просторов за реклама) сите предизборни митинзи, по традиција ги започнува од овој град. И на сите, или барем на последните, присуствувале и говреле високи поретставници на Фидес. Вклучително, својата сестринска партија, со свое лично присуство, во Охрид,  беше ја почестил и самиот лидер и сега премиер во четврт мадат – Виктор Орбан.

Тогаш, во што е проблемот, ако не било никаков проблем на партиски митинг во Скопје да се прокурчува и самиот, доскорешен австриски премиер, Себастијан Курц?

Би требало, проблемот да е во бегалецот Никола Груевски, затоа што е  во Будим, односно  Пешта. И тој проблем е толку голем што со реакции се јавија и од душманските политички партии. И не би било никаков птроблем, ако душманот го начекаш во небрано за да прокнижиш некое поенче. Ама е проблем кога најголемиот дел од граганството не е убедено дека тој истиот Груевски е “само” бегалец, или пак некој, преќутно, или пак со директна асистенција (велат поупатените) го спроведе бегалецот онаму каде што го спроведе.

Именo, ние се уште не сме начисто по прашањето: како тоа бегалецот Никола Груевски пристигна во Унгаријаа, виа Албанија, Црна Гора и Србија и кој сето тоа му го овозможи? Почнувајќи од Скопје, па преку Тирана, Подгорица и Белград, се до Будим и Пешта!?

Знаете што? Гаволот ниту ора ниту копа, ама и не спие. А кога спие, не спие во пештерите, туку во манастирите и државните одаи. Гаволот е во деталите, така што секоја прозивка само заради прозивка и не му носи некој особен бенефит на прозивачот (прозевачот!), туку напротив. Само ќе не потсети на она недообјаснетото, затскриеноито, закукулено и замумулено!

Да повториме: гаоволот се крие во разликите, во деталите и во уметничкиот впечаток што кај нас го создаваат медиумите, или, пак, дежурните ФБ партиски војници.

Секојдневното разбранување на таа зла крв, и не би било ништо особено значајно и интересно, кога, не би било  отстај на нашите внатрешни сосотојби и кога не би ги продлабочувало внатрешните поделби и не би ги разголувло рововоте во кои сме закопани, до коленици во тешка кал.

Јас знам дека Орбан со своето однесување боди  очи, не сум воодушевен од неговиот однос кон медиумите, кон бегалците од азиските и афричките земји. Не сум среќен од фактот што му даде прибежиште на бегалецот Груевски – судски осуден за криминал. Но, тоа е само мое незадоволство, кон еднаа конкретна појава. Истовремено, не можам даа го пренабрегнам фактот дека истиот тој Орбан прими и згрижи половина милион бегалци од Украина.

Ама не давал и оружје, не дозволувал пренос на оружје преку неговата земја, давал одговори дека е тој за Унгарија во поделбата на Европа и светот, по линијата: про и контра по прашањата околу Украина, од аспект на неоправданата агресија од страна на Руската федерација.

Да, сето тоа е така, ама (ако го исклучиме Груевски), зошто би било  грев да се оди кај “автократот” Орбан, а е достоинство да се коленички прд “демократот  “Вучиќ , за грст пшеница и пакетче вакцини!?

И во што е тука мојот проблем?, извинете што ви го откраднав прашањето. Јас немам никаков личен проблем. И Вучиќ и Орбан ми се подеднакво блиски и подеднакво далечни. Тоа што кај Орбан е бегалецот-криминалец Груевски не е мој проблем. То е проблем на оние што го пуштија и најверојатно беа соорганизатори на траекторијата на неговото бегство. Ако и воопшто беше само бегство?

И Вучиќ и Орбан ми се подеднакво блиски, односно далечни и по прашањето на Украина. И едниот и другиот, велат: Унгарија, односно Србија пред се! Истото што го велат и во Берлин, и во Братислава, само малку погрубо и подиректно.(Kрaj)

Веле Митаноски

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close