Зошто зборовите не смеат да се бришат
Иако ја разбирам реакцијата на „Аваја“ и сметам дека маргинализираните групи што се „дефинирани“ во ваквите речници прават добро кога јавно реагираат, исто така сметам дека решението на Владата и ИМЈ се недозволиво брзоплети, непромислени и популистички.

Истовремено, чинот на бришење на зборови од речник во 21. век го сметам за регресивен чекор кој го осиромашува и ограничува јазикот. Всушност, ваквата одлука, да се бришат или изоставуваат постоечки зборови во македонскиот јазик е скандалозна и пуританска, и на крајот на краиштата, претставува ужасно опасен вид цензура. Решението на овој проблем не е во тоа да се исклучат зборовите, туку тие да се дефинираат согласно општествениот контекст. Значи, ако зборот „Шиптар“ во македонскиот јазик е употребува како погрден и навредлив збор за Албанец, во речникот таа информација треба да стои, зашто таа е документ за времето во кој се употребувал тој збор. Бришењето на зборот од речникот нема да направи ништо освен што вештачки ќе нѐ принуди да ги затвориме очите пред предрасудите во нашето општество. Предрасудите нема волшебно да исчезнат ако ги избришеме зборовите од речникот, исто како што нема да исчезнат и тие зборови од употреба. Тие ќе исчезнат ако имаме соодветно образование и стручни дебати и дискусии кои се одвиваат на медиуми, а не на платформи како Фејсбук.
…
Kолумната на Румена Бужаровска во целост прочитајте ја тука






