30 посетители се изгубиле на Попова Шапка, тројца повредени – времено се затвора жичницата и ски-лифтот


Ски центарот на Попова Шапка информира дека дека поради појава на густа магла, заради безбедносни причини, запрени се шестоседата жичница, двоседата жичница “Церипашина” и ски-лифтот “Ге”.

„Воедно, Ве информираме дека во текот на денот, поради појавата на магла и намалената видливост, беа изгубени 30 посетители кои подоцна со помош на лицата одговорни во рамки на Ски-центарот “Попова Шапка” беа пронајдени, додека пак тројца од посетителите кои беа повредени, беа извлечени, од страна на спасителните служби, на пристапно место каде што со помош на Итната медицинска помош, еден од нив, е пренесен во медицинска установа за понатамошно лекување“, додаваат од таму.

Back to top button
Close