307 Бугари гласале низ Македонија за 51. парламент на Бугарија, ова се бројките по градови


Во сите 5 градови низ Македонија каде денеска се гласаше за изборите во Бугарија избирачките места се затворени. Според извори на 4NEWS.mk вкупно до гласачките места излегле 307 Бугари.

Најголем број од нив гласале во Скопје во Амбасадара на Република Бугарија.

Потоа следува Охрид со 51, 40 Бугари гласале во Битола и Прилеп, а во Струмица бројот е најмал 38.

Ова се седми предвремени избори во Бугарија во последните три години.

Составувањето на стабилна Влада се уште е неизвесно.

Back to top button
Close