360 : Уставен не гласаше за Законот за банки, ќе чека ДКСК да каже дали судиите имаат судир на интереси

Уставниот суд требаше, но и денеска не донесе одлука дали ќе поведе постапка за член 163, став 3 од Законот за банки, по иницијативата на оштетените штедачи од Еуростандард Банка. За точката ќе се гласа, велат од Уставниот суд, откако претседателот на судот ќе добие мислење од Антикорупциската комисија за тоа – дали има судир на интерес кај уставните судии да гласаат за оваа точка.
„Причината е што претседателот на судот ќе покрене иницијатива до Антикорупциската комисија за да провери дали кај некој уставен судија има судир на интереси кој би можел да влијае на одлуката за нивното гласање.
Иницијативата што ќе ја покрене Мурати ќе се однесува за сите уставни судии, вклучитело и за него, а не само за одредени. Откако Уставниот суд ќе добие одговор од Антикорупциска, ќе се одлучи за продолжението на седницата. велат од Уставниот суд.
Постоењето на потенцијален судир на интерес вчера го отвори токму „360 степени“, бидејќи двајца уставни судии имаат(ле) штедни влогови во Еуростандард Банка, чии оштетени штедачи ја покренаа иницијативата а денеска излегоа и на мирен собир за подршка на некои уставни судии, за време на траењето на седницата.
Еден од уставните судии, судијата Дарко Костадиновски, е во блиски пријателско-роднински врски со семејството на најголемиот акционер на банката.
Попрецизно, во имотните листови пред Антикорупциската комисија уставната судијка Елена Гошева декларирала дека поседува штеден влог од 32 700 американски долари во Еуростандард Банка, додека судијата Дарко Костадиновски и неговата сопруга имаат(ле) 6 000 евра.
Уставните судии Елена Гошева и Дарко Костадиновски Дополнително, кум и долгогодишен пријател на судијата Дарко Костадиновски е Коста Костовски, син на најголемиот акционер во Еуростандард банка, Трифун Костовски. Судијата не ја крие својата блискост со Костовски,
Целиот текст на 360 мк






