67 годишен маж е човекот кој изгоре утрово во пожар во Велес
67-годишниот Д.Н. е човекот што изгоре во пожарот што денеска рано наутро избувна во куќата во која живеел во Велес. Министерството за внатрешни работи соопшти дека увид извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР Велес. По насоки на јавениот обвинител телото е предадено за обдукција.
Инаку, пожарот во кој загина едно лице избувна утрово околу пет часот. Се запалила куќа на улицата „Васа Кошулчева“. При интервенцијата од пожарникарите било пронајдено изгореното тело, а собата била целосно пеплосана. Смртта на човекот била потврдена од доктори на Брза помош.
Територијалната противпожарна единица – Велес добила повик дека гори соба од куќа во 5:10 часот. Од службата за Брза помош информираат дека повикот го добиле во 5:20 часот, но кога пристигнале само била констатирана смрт кај лицето.
Пожарот е целосно изгаснат.