78 нови случаи на ковид-19, 172 оздравени и пет починати лица

Во последните 24 часа се направени 894 тестирања, а регистрирани се 78 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 26 -Куманово 4 -Дебар 1 -Штип 17 -Тетово 9 -Струга 3 -Битола 1 -Охрид 1 -Гостивар 5 -Крива Паланка 1 -Кочани 1 -Пробиштип-3, -Виница 1 -Свети Николе 5 Починати се 5 лица, тројца пациенти од Скопје, еден од Куманово и еден пациент од Струга. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 172 оздравени лица од: -Скопје 72 -Куманово 53 -Штип 20 -Прилеп 4 -Тетово 10 -Велес 1 -Гостивар 5 -Пробиштип 2 -Ресен 4 -Неготино 1

 

Досега во земјата се направени вкупно 68.059 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 7124, бројката на оздравени пациенти е 3199, на починати е 346, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3579.

Back to top button
Close