Над 15 000 учесници од 63 држави пријавени на „Визер скопски маратон 2026“

Повеќе од 15 000 учесници од 63 држави се пријавени на годинашното 22. издание на „Визер скопски маратон 2026“ кој ќе се одржи в недела, 4 октомври. Годинава има рекорден број учесници.
Почетокот на трката е закажан за 8 часот, а натпреварувачите ќе се тркаат во четири категории и тоа – маратон (42 километри), полумаратон (21 километар), штафетен маратон (42 километри со четворица натпреварувачи) и трка на дистанца од 5 километри.
Во маратонската трка годинава се пријавени 800 учесници, а од македонските најголем фаворит е атлетичарот Дарио Ивановски кој победи на минатогодишното издание. За полумаратонот се пријавени околу 3 000 тркачи.






