Тевдовски во ММФ испратен од Народна банка

Драган Тевдовски, поранешниот министер за финансии, ќе работи во Меѓународниот монетарен фонд во Вашингтон но како претставник од Македонија испратен од Народната банка.
Тевдовски е назначен за советник на извршниот директор во Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во Вашингтон. Од Владата за „360 Степени“ потврдуваат дека претставникот на земјата во ММФ го назначува гувернерот на Централната банка.
Од НБРМ во својот одговор објаснуваат дека професорот е задолжен за Холандско-белгиската конституенца, во која членува и Северна Македонија, и дека поранешниот министер ќе биде задолжен за соработката на ММФ со земјата од којашто доаѓа, а по потреба и со други земји.
Според претходните информациите, тој веќе е таму. Инаку Тевдовски е професор на Економскиот факултет во Скопје.






