Опозицијата со 3.000 амандмани ги блокира измените за онлајн вклучување на пратеници

Опозициските партии ВМРО-ДПМНЕ, Алтернатива-Алијанса и Левица поднесоа над 3.000 амандамни со коишто го блокираа обидот на власта да се донесат измените Деловникот кои предвидуваат пратениците кои се во изолација или заразени со корона да се вклучуваат онлајн.

-Ова не е начин кој што создава дополнителна доверба меѓу политичките субјекти, напротив, јас би рекол ја нарушува и така слабата доверба која што ја има помеѓу политичките партии во Собранието, изјави Тимчо Муцунски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Функционирањето онлајн во Собранието нема ни технички ни демократски услови, тврди Скендер Реџепи.

Од владејачкото мнозинство сметаат дека решението што го предлага претседателот на Собранието, Талат Џафери е добро за континуирано функционирање на Собранието.

Back to top button
Close