Земјотрес во Скопје, епицентарот населба Илинден

Земјотрес со јачина од 3,4 степени според Европската макросеизмичка скала е регистриран попладнево во Скопје.

Според Европскиот медитерански сеизмолошки центар, земјотресот се случил во 14 часот и 9 минути по локално време на 8 километри источно од Скопје, на длабочина од 2 километри.

Веднаш по него, за неколку минути, се почувствува и втор помал потрес.

Засега нема други детали.

Back to top button
Close