Пановски: Децата следната година ќе имаат проблем со грипот, вирусите мора да се наплатат

„Нема многу искуство за вакцините што ќе се случи ако човек што бил позитивен ја прими вакцината. Договина најголем проблем ќе се случи со децата што ќе тргнат во градинка и училиште, вирусите ќе мора да се наплатат, сега имунитетот на тие деца што не одат во образовните институции им е заспан. Сега е вонредна ситуација, догодина ќе имаме други болести. Децата се поотпорни на Ковид од други инфекции, првенствено грип. Стагнацијата на бројката е поради тоа што луѓето станаа свесни дека болеста постои, сега не сум слушнал за големи журки, нешто што се случуваше претходно. Ова ширење на бројките е неминовното. Најмногу зарази се од јавен или приватен превоз и работни организации. Маските не штитат 100%, ако неколку луѓе се во автомобил и имаат маски, а еден е позитивен, неминовно е некој да се зарази од оние кои се негативни. Сега и колективниот имунитет има влијание, за 2 недели се надевам дека ќе почне да падне бројот на активни случаи, ќе падне и бројот на хоспитализации. Ако новогодишните празници се поминат без зарази, тогаш колективниот имунитет ќе се стекне и порано. Мислам дека лидерите на сите партии треба да дадат соопштение дома да се биде за Нова Година, да не се собираат во заторен простор, ако е така ќе се спасат животи“ вели микробиологот проф. д-р Никола Пановски во Студио 10 на ТВ24.

Back to top button
Close