Почина Рамадан Телкиу, новинар и рекордер во крводарување
Во Дебар по кратко боледување синока на 76 годишна воздарст почина Рамадан Телкиу новинар во пензија и рекордер во крводарување .
Телкиу работеше 40 години во Радио Скопје во македонската и албанската редакција од каде што отиде во пензија. Исто така беше и дописник на неколку агенции и новинарски куќи во поранешна Југославија , а покрај новинарството беше и рекордер во крводарување во Дебар и пошироко.
Според членови на семејството Телкиу, тој има дарувано крв над 150 пати и има добиено голем број на награди на државно и локално ниво. Крв има дарувано во повеќе градови од земјава а има и голем придонес во развојот на Црвениот крст во Дебар каде беше повеќе години и секретар на оваа хуманитарна организација. Познат беше и по неговите хуманитарни активности.
Телкиу ќе биде погребан денеска на градските муслимански гробишта во Дебар.
К.М