Пошта на Северна Македонија: Не се отвораат нови работни места туку се формализираат договорите на дело

По реакциите во јавноста за огласот на Македонска пошта во која стојат отворени 280 нови работни места, се огласи и првиот човек на претпријатието, Јани Макрадули.

Макрадули за тв 24 вели дека не станува збор за нови вработувања. Веќе ангажираните вработени ќе бидат само здравствено осигурани.

Претходно опозициската ВМРО-ДПМНЕ реагираше дека станува збор за непотребни вработувања на претпријатие кое трупа огромни долгови и загуби, кои ќе ја чинат држават 120 илјади евра на месечно ниво или милион ипол за една година.

Телоп- ВМРО-ДПМНЕ – Тие ја полнат Македонска пошта во улови кога истата е превработена и компанијата нема пари да исплати плата на досегашните вработени.

Пошта во првата половина од годината има загуба од над 850 илјади евра, а вкупните долгови се проценуваат на околу 10 милиони евра. Во македонски пошти работат околу 2000 луѓе.

Друштвото е во незавидна ситуација и поради пропаѓањето на Еуростандард банка, но и поради ковид кризата која предизвика огромен пад на приходите на поштенските услуги и во домашниот, а особено во меѓународниот поштенски сообраќај.

Владата неодамна најави дека ќе влезе во процес на приватизација на поштата. Ова не е прв обид за продажба на некогашната златна кокошка, која сега тоне во загуби. Уште во 2009 година имаше најави за продажба на компанијата на Канадската пошта. Но државата се откажа од оваа зделка, без објаснување и за тоа плати пенали од над 200 илјади канадски долари.

Back to top button
Close