Заев: Првите вакцини доаѓаат во февруари, ќе се вакцинирам како пример, но предност имаат здрaвствените работници

Премиерот Зоран Заев во вечерашното интервју за Сител рече дека верува оти во следните денови Европската унија ќе донесе одлука 5 отсто од вакцините да бидат наменети за Западен Балкан.

Вели дека Македонија ќе си ги плати вакцините, но важно е да пристигнат во државата.

Заев рече дека освен договорот со Фајзер за набавка на 800.000 вакцини, има најави и од Кина.

-Ние имаме најави и со Кина за некои 200.000 вакцини. Тие велат во јануари, но не знаеме, допрва ќе видиме кои се условите. Кина има пет вакцини кои што ги поминале фазите и тие веќе се дистрибуираат надвор од Кина и две кои што се фаза на тестирање – целосно потврдени од СЗО. За нас тоа е важно и важно е час поскоро да пристигнат, рече Заев.

Премиерот рече дека се очекуваат вакцини и од соседите членки на ЕУ, но и од Австрија.

Back to top button
Close