Нови 104 заразени со Ковид-19 од 918 тестирања, починати 13, а оздравени 539 лица
Во последните 24 часа се направени 918 тестирања, а регистрирани се 104 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 53 -Куманово 8 -Штип 2 -Прилеп 13 -Тетово 3 -Струга 1 -Битола 1 -Кавадарци 2 -Гостивар 1 -Гевгелија 1 -Крива Паланка 4 -Радовиш 1 -Крушево 2 -Кочани 6 -Виница 3 -Свети Николе 1 -Неготино 2

Починати се 13 лица, четири пациенти од Скопје (78, 66, 71 и 68г), четири од Прилеп (80, 57, 80 и 50г), еден пациент од Велес (74г), еден од Охрид (67г), еден од Кавадарци (62г), еден од Пробиштип (72г) и еден пациент од Неготино (78г).
Пациентите се починати во болнички услови.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 539 оздравени пациенти од: -Скопје 283 -Куманово 18 -Штип 3 -Прилеп 36 -Тетово 7 -Струга 31 -Велес 7 -Битола 17 -Охрид 50 -Кавадарци 25 -Гостивар 9 -Гевгелија 6 -Струмица 6 -Крива Паланка 3 -Кочани 10 -Пробиштип 2 -Берово 4 -Валандово 2 -Кратово 2 -Свети Николе 2 -Кичево 5 -Неготино 11 Досега во земјата се направени вкупно 418.130 тестирања на Ковид -19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 86597, бројката на оздравени пациенти е 67992, на починати е 2635, а бројот на активни случаи изнесува 15970.




