Намирници кои доилките и трудниците треба да ги избегнуваат или намалат

Mајчиното млеко е најдобро за бебињата, бидејќи ги содржи сите потребни витамини и хранливи материи. Но сепак, она што мајките го консумираат влијае на неговиот квалитет…

Лекарите советуваат – бремените жени и доилките да избегнуваат одредена храна или да ја јадат во ограничени количини, сè со цел бебето да се развие правилно и да биде здраво. Следуваат неколку од производите и намирниците на кои треба да се внимава.

Алкохолот е забранет за време на бременоста, но и по породувањето. Меѓутоа, ако не можете да одолеете, консумирајте минимални количини во поголеми интервали меѓу доењето затоа што сè што мајката конзумира влегува и во телото на бебето.

Жалфијата, нането и јагликата, исто така треба да се избегнуваат, оти го намалуваат лачењето млеко.

Рибата и други морски плодови се богати со омега-3 киселини и други хранливи материи. Но, во некои од овие намирници може да има одредена количина жива и олово што може да му наштети на бебето.

Лукот има силен и остар мирис, но и вкус, а тоа може да биде прилично одбивно за бебето. Истото важи и за зачинетата храна.

Прекумерното внесување на цитрони, а со тоа и витаминот Ц може да му наштети на бебето, односно на стомачето. Ова предизвикува вознемиреност кај детето, но и чести повраќања.

Би било препорачливо да се избегнуваат сите овие намирници за време на доењето, но сепак, може да се јадат во ограничени количини. Важно е вашето бебе да внесе доволно количество протеини, минерали, витамини, хранливи материи и хидрирани состојки заради подобар развој. Како што не смеете да претерувате, така мора да бидете сигурни дека бебето ќе добие сè што му треба.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close