Продолжува собраниската расправа по Предлог-законот за попис
– Во Собранието денеска напладне треба да продолжи расправата по Предлог-законот за попис. Пратениците вчера и завчера ги искажаа спротивставените ставови главно околу тоа дали на земјава токму оваа година и е потребен попис и колку процесот ќе биде навистина статистички, а не политички.
-Законот предвидува попишување државјани, а не резидентно население, не ги содржи методологијата и компаративните бази на податоци и овозможува давање податоци само со усмено кажување на матичниот број, се главните забелешки на ВМРО-ДПМНЕ.
За СДСМ, Предлог-законот што треба да се донесе по скратена постапка е транспарентен и објективен, а неговото донесување е од суштинско значење. Пописот ќе го спроведе Државниот закон за статистика (ДЗС) и ќе овозможи релевантни податоци врз основа на кои ќе се креираат равојни, долгорочни политики и стратегии.
Согласно законот, пописот треба да се спроведе од 1 до 22 април оваа година, а со него ќе бидат опфатени и лицата кои работат надвор од државата.
Од ДЗС најавуваат дека пописот ќе биде спроведен согласно стандардите на Обединетите нации и Евростат. Планирано е постапката да заврши за шест месеци и да чини вкупно 8,5 милиони евра.
Последниот попис во земјава беше спроведен во 2002 година, а најавениот попис во 2011 година не се реализира.