Убаво кажуваше „лицето БЦ“: „Со ситни души” (и крупни профитери) држава не се води!?

Пропагандистите, ете, и вчера, на големиот христијански – православен празник Водици – Богојављение, наместо да не остават да се порадуваме, да се нурнеме во длабоките води – за да ни се исчистат мозоците од тмурното секојдневие, побрзаа да ни го поматат расположението со ептем “неодложната” информација. Имено, претседателката на Програмскиот совет на МРТ (НРТВ), Смилка Јанеска-Саркањац, “рекла-казала”, дури и потврдила за порталот 360 степени дека утре (демек денеска), ќе се разгледува одлука за распишување конкурс за избор на нов директор и заменик-директор на МРТ.
Советот за денеска имал закажано седница за да одлучи дали ќе биде распишан конкурс за избор на директор. Но, целосно (БОЖЕМ НИЕ НЕ ЗНАЕМЕ!) била “спорна законитоста на евентуалното распишување конкурс, со оглед на одредбите од Законот за аудио и аудуовизуелни медиумски услуги, со кои мандатот на актуелниот директор, заменик-директорот и на членовите на Програмскиот совет на МРТ (НРТВ) е продолжен до изборот на нов Програмски совет – постапка која е заглавена во Собранието”.
Професорот по управно право Борче Давитковски,и според мене, е релевантен фактор, кој може да ни дообјасни дека таквиот потег би бил спротивен на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Некои експерти коментирале дека преку Програмскиот совет, врз кој се уште контрола има ВМРО ДПМНЕ, затоа што сите членови се избрани кога таа партија беше на власт, Христијан Мицкоски се обидува да ја задржи партизираноста на националниот сервис. Ако Советот одлучи да распише конкурс и ако го спроведе извесно е дека ќе биде избран приврзаник на опозицијата, а тоа ќе биде направено спротивно на закон.
Така е, нема дилема. А, според кој закон, е можно изборот на нов Програмски совет да се одлага со години, до недоглед. Со каков мегупартиски договор постапката е заглавена во Собранието со години. “Контролата ја имала ВМРО ДПМНЕ, затоа што сите членови се избрани кога таа партија беше на власт!”. Кој ни го тоа направи (велеше другарот Sинго), кој го дозволува? Илија Димоски одавна не е претседател на надлежното собраниско тело. А, и кога беше претседател, зошто се немаше воља да се “удоброволи” кочничарот, како што беа “удоброволени” и од притвор извадени (па рехабилитирани) пратениците – класични “убијци во намера”, во Собранието!
Нема сомнение дека Христијан Мицкоски “се обидува да ја задржи партизираноста на националниот сервис”.Јас незнам дали се сите живи од Програмскиот совет (ако се најверојатно некои одат на патерици!), но знам дека по однос на партизираноста нема ниоошто да се измени.
Србите, убаво велат: “нужда мења закон!”. Со други зборови, ако СДСМ и ДУИ сакаа да го променат составот и да изберат ново раководство во Јавниот сервис, тоа можеа да го направат, ќе најдеа илјада модуси!
Кабаетот, значи, не е, или не е само, во Христијан Мицкоски. А, и зошто тој би се откажал од таков луксуз и придобивка – “да ја задржи партизираноста на националниот сервис”, ако другата, “непаретизирана!” страна тоа му го овозможува!? Ако две истородни влади, во два мандати, не можат тоа да го променат? Што тоа ни говори?
И самиот имав аплицирано за член на Советот. Комисијата за избор и именувања, документите ги држеше во фиока од почетокот на 2019 година! Пред Нова Година, ни ги врати назад, како празнична честитка. Што ни говори тоа? А, што ни говори начинот, на кој ни беа испратени по пошта документите. ЕВА КАКО ТОА ПРАКТИЧНО ИЗГЛЕДА:

За да ја испратам апликацијата, се подготвував најмалку 3 месеци. За тоа време подготвив, или обезбедив (заклучно со број 13):
1.ПРОГРАМА за унапредување на статусот, позицијата и делувањето на Програмскиот совет на ЈРП Македонска Радио Телевизија (студија од 10 страници);
2.Потврди за докажување на услов за работен професионален ангажман во медиуми;
3.Преглед на регистрирани податоци во матична евиденција за работен стаж (искуство – половина век!);
4.Кратка биографија –CV;
5.Писмо на намера;
6.Изјава за исполнување на условите за конфликт на интерес, од значење на Програмскиот совет (нотарски заверена);
6.Изјава (нотарски заверена) дека го исполнувам условот од 8 години работно искуство, во областа на новинарството, од значење на Програмскиот совет на МРТ;
7. Диплома за завршено високо образование;
8.Уверение за джавјанство (не постаро од 6 месеци);
9.Писмо на поддршка од Универзитетот Евро Балкан;
10.Писмо на поддржка од Универзитетот “Св.Климент Охридски”;
11.Писмо на поддршка од Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ);
12.Писмо на поддршка од Институтот за комуникациски студии;
13.Писмо на поддршка од Македонскиот институт за медиуми;
Тоа го испратив јас. Јас на таков начин ја издексав Комисијата за избори и именувања при Собранието на Република Северна Македонија.Еве, како ме “ИДЕКСАА!” Комисијата и нејзиниот претседател: ниту збор ОБРАЗЛОЖЕНИЕ!!! БАРЕМ ДА МЕ ИСПОЧИТУВА СО ТОА ШТО ИМЕТО И ПРЕЗИМЕТО ЌЕ МИ ГО НАВЕДЕА!!!
Од моја страна, секој натамошен коментар е излишен.Повелете вие, почитувани, коментирајте и оценувајте ја работата на нашите инстутуции. Кој се (и зошто) е заседнат во нив? Каков е односот НИВНИ, кон нас ОБИЧНИТЕ СМРТНИЦИ кои, и самите сме ГИ ГРАДЕЛЕ ИСТИТЕ ТИЕ ИНСТИТУЦИИ: како пратеници, министри, директори, шефови на канцеларии за односи со јавност – во некоја од владите на СДСМ…..
СРАМОТА И ГРЕОТА!!!
Веле Митаноски






