ВМРО-ДПМНЕ задушена во џудо-зафатот на Мицкоски

Глетката кога куче си ја брка сопствената опашка е она што се нарекува трагикомичност: концентричните вртења со неуспехот да се дофати сопствениот задник ги има сите елементи на класичната бурлеска; истовремено, животинчето не е виновно што нема познавања од елементарната геометрија („прашања поврзани со големината, формите и релативната позиција на фигурите во просторот“), дополнително искомпликувано со вртењето во круг, што е по малку тажно…
Во тоа се претвора опозициската иницијатива за блокирање на пописот: со неприфаќањето на уставното име на државата, опозицијата не може ни институционално да комуницира со државните инстанции, заради што не може да се формализираат нејзините иницијативи за институционално делување, во рамките на пропишаните закони. Трагикомично вртење во круг.
Но, ако претседателот на опозицијата не го прифаќа уставниот поредок во државата, што треба да прават пратениците од неговата партија во Собранието на Република Северна Македонија или партиските претставници и членови во други државни органи и тела кои се помирија со уставната „реалност“?
Што е стратегијата на таквото опозициско делување? Да се руши власта вонинституционално, по улици и на Фејсбук? Па, на овој начин, опозицијата нема да може да прифати ни одење на редовни или вонредни избори, бидејќи нема кој друг да ги распише тие избори, освен институциите на државата кои се задолжени за тоа, а во чиј наслов стои уставното име на државата… Планираат со некаков јуриш („народот“!) да ја освојат власта?
Целата колумна на Сашо Орданоски на „Цивил Медиа“ на следниот линк.





