Митко Јанчев: Ќе се кандидирам за лидер на ВМРО-ДПМНЕ доколку на вонредниот конгрес се изгласа недоверба за Мицкоски

Митко Јанчев, градоначалник на Кавадарци и еден од противниците на лидерот Христијан Мицкоски во ВМРО-ДПМНЕ, За Фактор потврди дека би се кандидирал за лидер на партијата, доколку на вонредниот конгрес кој се најавува за 28 март, мнозинството од делегатите му изразат недоверба на актуелниот челник на партијата.

„Овој конгрес што го закажа Иницијативниот одбор е само за изразување доверба или недовреба на актуелниот лидер Христијан Мицкоски. Ако се изгласа недоверба за Мицкоски, тогаш треба да се свика нов конгрес, на кој ќе се пријават кандидати за нов лидер на партијата. Секој има право да се пријави и со своја програма да излезе пред делегатите“, вели за Фактор Митко Јанчев.

На нашето прашање дали тој би се кандидирал за нов лидер на сега опозициската ВМРО-ДПМНЕ, тој одговара потврдно.

„Да, доколку на вонредниот конгрес му се изгласа недоверба на Мицкоски, јас би се пријавил за нов лидер на партијата. Со своја програма ќе излезам пред членовите на партијата“, вели Јанчев.

Back to top button
Close