24Инфо: Сашо Мијалков во бегство откако му беше одреден куќен притвор

Полицијата трага по поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, кому му бил одреден куќен притвор, неофицијално дознава 24Инфо.
Според сознанијата на порталот, Мијалков е недостапен за полицијата, па по него е распишана потерница. Алсат пак, од извори во полицијата дознава дека телеграмата е испратена до сите гранични премини
Претходно од Кривичен суд по барање на Обвинителството му определиле куќен притвор поради случајот “Таргет-Тврдина” за кој треба да има пресуда во среда.
Досегашните мерки на претпазливост предвидуваа Мијалков да се јавува редовно во судот.
Засега нема потврда ниту од судот или МВР.






