Тешка сообраќајка во Хрватска – загинаа три лица

Три лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа што се случи утринава на државниот пат D1, во местото Благај кај Слуњ, во Хрватска.

Од полицијата информираа дека пријавата за несреќата ја добиле во 6:10 часот. Во несреќата учествувале два камиона и два патнички автомобила.

Покрај трите лица што ги загубија животите, уште две лица побарале лекарска помош.

Сообраќајот на патот D1 е во прекин, а возилата се пренасочуваат преку околините патни правци.

Увидот е во тек

Back to top button
Close