МЗ во три години со скок од 43 места на Индексот за активна транспарентност

Според Индексот на транспарентност за 2020 година, што го прави Центарот за граѓански комуникации, Министерството за здравство е институција чија активна транспарентност е рангирана во категоријата „многу добра“ со високи 81,3 процентни поени.

Споредено со Индексот од минатата 2019 година – 77,5 процентни поени во истата категорија, Министерството за здравство бележи раст од 3,8 поени. Во денешното соопштение од МЗ се наведува дека во 2017 година, активната транспарентност на Министерството за здравство била рангирана во категоријата „слаба“, а за само три години бележи скок од 43 места.

– За три години Министерството бележи поместување од категоријата „слаба“ во „многу добра“, што е практично и највисоката категорија во рангирањето и рекорден скок од 43 места. Ова е огромен напредок за нас како институција и резултат на нашата посветеност кон целосна транспарентност во објавување на информациите, стои во соопштението.

Под „активна транспарентност“, појаснуваат од МЗ, се подразбира објавување на информации по сопствена иницијатива од страна на институцијата.

Центарот за граѓански комуникации го спроведува истражувањето врз основа на методологија и структурирани прашалници за исполнетоста на обврските за активно објавување на информациите на интернет-страниците на институциите.

Back to top button
Close