ОВР Кавадарци поднесе кривична пријава против Ж.С.(32) од с.Ваташа

ОВР Кавадарци поднесе кривична пријава против Ж.С.(32) од с.Ваташа, кавадаречко, поради постоење основано сомнение за сторени две кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ и „овозможување на употреба наркотични дроги“. На 29.10.2020 на ул.„Киро Арсов“, од полициски службеници од ОВР Кавадарци, при извршен претрес во дом и помошни простории, кај Ж.С. биле пронајдени и одземени 450 грама хашиш, марихуана, шприц со хашиш смола, амфетамини и предмети со остатоци од амфетамин






