Пожар зафатил нискостеблеста и дабова шума во Арбанашко, Старо Нагоричане

– Пожар во општина Старо Нагоричане зафатил нискостеблеста и дабова шума, соопшти денеска СВР Куманово.
– Вчера околу 14:00 часот во СВР Куманово било пријавено дека во атарот на село Арбанашко, настанал пожар на неколку локации, при што била зафатена нискостеблеста и дабова шума. Пожарот бил изгаснат во 15:00 часот од екипа на Територијалната противпожарна единица Куманово, а повредени лица нема-соопшти СВР Куманово.
СВР Куманово бил извршен увид.
За пожарот информираа и надлежните од РЦУК Куманово. Според информацијата во билтенот, командирот на противпожарната единица Старо Нагоричане ги известил дека пожарот зафатил површина од 10 километри во Арбанашко и бил изгаснат со едно противпожарно возило. Во гасењето на пожарот учествувале четворица пожарникари и четири лица вработени во Шумско стопанство.
– Од командирот бевме известени дека имаат само едно возило кое е старо 57 години и апелира до надлежните да добијат некое возило од некоја донација или помош од државата, бидејќи во нивна надлежност покриваат територија од 39 села и е една од поголемите општини во Македонија, наведуваат од РЦУК Куманово во дневниот билтен.






