360°: Рашковски вози џип вреден 74 илјади евра, кој не фигурира во неговиот анкетен лист

Новото магазинско издание на емисијата „360 степени“, во кое го отвораме и прашањето за најавената изградба на нови автопати во директна спогодба со „Бехтел и Енка“, се емитува вечерва (12 април 2021 г.) од 22 часот на ТВ Алсат

Во „360 степени“ објавуваме:

– Драги Рашковски, секретар во кабинетот на премиерот, вози џип што во автосалон чини најмалку 74 илјади евра. Такво возило не фигурира во неговиот анкетен лист доставен до Антикорупциската комисија;

– По одлуката на Владата да тргне во изградба на автопати преку директна зделка со американско-турски конзорциум, од Центарот за граѓански комуникации не гледаат „валиден аргумент што би го оправдал грубото заобиколување на Законот за јавни набавки“; Владата, пак, ја кажува својата перспектива;

– Во 2020 г. на патиштата загинале 125 луѓе, најмалку во последните десет години, но не значително помалку од 2019 и 2018 г. – факторот човек останува доминантна причина за несреќите со фатални последици;

– Во Шуто Оризари не недостига само гинеколог туку и матични лекари – луѓе што уредно плаќаат придонеси остануваат без основна здравствена грижа; од Министерството за здравство најавуваат решение преку законски измени;

– „Саботажа“.

Емисијата почнува во 22 часот на ТВ Алсат.

Back to top button
Close