(ВИДЕО) Спасовски: Не е дозволено ако сте функциониер да подривате државен систем

Покажав еден документ кога тогашниот министер за внатрешни работи барал да му се достават сите податоци за што се водат истражни постапки. Исто така, и втор документ со кој тој барал пристап до системот на Интерпол, преку началникот на Одделот за меѓународна полициска соработка, и тоа за конкретно лице, за потребите на Кабинетот. Ова се сериозни сомнежи и затоа повикав
Обвинителството да одработи и да ги утврди аспектите.
Отворивме посебна криминалистичка обработка која се однесува за вработени или поранешни функционери на МВР кои вадат или пласираат документи на опозициската партија, приберени се многу податоци и јасно покажува кој вади такви податоци.
Не вреди да земате плата од граѓаните, да се заколнете дека ќе служите на Уставот, на законите, на граѓаните, како припадник на МВР и сето тоа да го погазите само затоа што имате партиски, криминален или бизнис интерес.
Не е дозволено ако сте функциониер да подривате државен систем.

Back to top button
Close