(ВИДЕО) Џафери: Што мислите вие јас слама јадам, не водам кладилница, туку државна институција
Талат Џафери, претседателот на Собранието жестоко му врати на Никола Мицевски на процедуралниот збор.
Мицевски уште еднаш побара да биде прекината 32-рата седница, и да се продолжи 36-тата седница.
„За да ја скратиме оваа работа драмолетка, немате кворум тоа е факт. Слабо ви е мнозинство и тоа е факт, не се сите пратеници тоа е факт. За да скратиме овие драмолетки. Ве молиме, констатирајте дека немате кворум за 32-рата седница, ставете ја седницата 36 да ги изгласаме законите. Џабе тропате, граѓаните ви тропаат, ги чекаат парите, дајте да ги гласаме. Ве молиме еден месец. Ајде закажете ја 36-тата седница“, рече Мицевски.
Талат Џафери жестоко му одговори.
„Јас тука зборувам за процедура, не за желба. Одбивавте да бидете во собранието на два пати. Имаме изолирани пратеници. И 25 март до сега не одржавте комисија за финансирање и буџет, и тука мене ми зборувате дека јас го кочам донесувањето на мерките. Тоа е срамота. Што мислите вие, дека јас јадам слама тука. Не водам кладилница, државна институција водам. Вие поднесовте 2000 амандмани за законот за државјанство. Ако сакам и три часа ќе зборувам, три месеци ме тупите тука. Цел ден ми тупите со медиумите. 101 пратеник се потпишани, влезете да се донесат одлуките и работете“, изјави Џафери.
Тој му кажа дека 20 седници не се завршени поради ВМРО-ДПМНЕ и нивниот однос.
Извор: ТВ21