Евроамбасадорот Гир за РСЕ: Скопје и Софија двојно да ги зголемат напорите за договор

Напорите двојно да се зголемат и да се направи обид да се решат билатералните прашања со Бугрија, за да се одблокира целиот процес на преговори, а во меѓувреме да се родолжи со реформите.

Ова е ставот евроамбасадорот Дејвид Гир, во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

На прашањето, како да се дојде до решение ако бугарските власти инсистираат на идентитетски пршања како корените и јазикот, Гир вели дека во одговорот на ова прашање се тргнува од фактот дека за начинот на којшто Европскиот совет, а тоа е едногласност во одлуки како што е преговарачката рамка.

„Јас можам да разберам дека одлагањето кое го гледаат луѓето е фрустрирачко. Луѓето сакаат да се оди напред во пристапниот пат. Но, да се оди напред во ситуации како оваа, да ви одговорам на прашањето, е двојно да се зголемат напорите за да се постигне договор. Така што ние многу се надеваме дека Северна Македонија и Бугарија ќе продолжат конструктивно да се ангажираат со цел да постигнат решение врз основа на заеднички договор и на тој начин пристапните преговори ќе може да одат напред – вели евроамбасадорот во интервјуто.

Тој не сака да ја коментира аферата со издавањето пасоши со туѓи идентитети, бидејќи се работи за случај во истрага, но е дециден дека е прерано за коментари дека тоа го загрозува безвизниот режим на земјава.

„Јас видов разговори за безвизниот режим. Точно е дека безбедноста на документите е важен репер во набљудувањето на спроведувањето на безвизниот режим. Но, мислам дека е комплетно прерано да почне да се зборува дали ќе има или не влијание врз безвизниот режим. Ако имате наводи за безбедноста на документи важно е како државата се справува со тоа, како судскиот систем ќе управува и доколку има погрешното постапување да се справи со тоа. Ако има дупки тие да се затворени. Мислам дека тоа е случајот, а не безвизниот режим – вели Гир.

Тој е дециден дека ЕУ никогаш не ја напуштила агендата за Западен Балкан и дека тој останува врвен приоритет, за што ја посочува посебната дискусија за европската перспектива на регионот што треба да се одржи утре во Луксембург.

Back to top button
Close