СП: Зема 30.000 денари плата, на работа не доаѓа – отворена дисциплинска постапка за специјализант во ГОБ 8 Септември

Специјализант што фигурира на платен список во ГОБ 8 Септември, четири години не се појавил на работа, потврди за Слободен печат директорот на болницата доктор Христијан Костов, откако револтиран медицински персонал од оваа болница, за Слободен печат посочи дека во време на пандемија некои луѓе се привилегирани, а други и со мало дете дома мора да одат да прегледуваат болни.
Специјализантот, земал 30 илјади денари плата, но го нема на работа и можно е да му биде врачен отказ.

Back to top button
Close