Албанија: Победа прогласија и социјалистите и демократите  

Синоќа во Тирана по вчерашните парламантарни избори во земјата, победа прогласија како лидерот Социјалистите и премиер Еди Рама, така и претседателот на најголемата опозициона Демократска партија Лулзим Баша.

И покрај тоа што тие  не спомнаа бројки, нагласија дека нивната опција била прифатена повеќе од гласачите. Но, сепак ако добро се анализираат резултатите што ги објавија Егзит Пол, но доцна синоќа и самите партии станува јасно дека трката е многу тесна и неизвесна.

Имено градоначалникот на Тирана, социјалистот Арјон Велијај по полноќ во кратка изјава рече дека Социјалистите имаат добиено 71-72 пратеници од вкупно 140. Според „Ексит Пол“ Социјалистите имаат 71 додека пак опозицијата 69 и тоа Демократската партија заедно со Движењето на социјалистичка интеграција на Моника Криемади – сопруга на претседателот на државата Илир Мета .

И претседателот на државата Илир Мета доцна синока побара максимално внимание во броењето на гласовите со цел процесот да заврши во согласност со законот за избори, но додаде дека опозицијата е таа која победила .

Инаку претседателот на ДИК Илирјан Целибаши доцна синока изјави дека изборите минале мирно , и притоа информираше за одредени проблеми кои се јавиле во одредени гласачки места .

-Проблеми имаше и во неколку изборни единици со користењето на електронската опрема за идентификација – рече Целибаши и додаде дека таму е гласано со користење на докуманти за идентификација и потписи . Тој истакна дека вчера на парламантарните избори на гласање излегле 48,2 насто од лицата во списокот за гласање кој има нешто повеке од 3,5 милиони гласачи . Најмногу гласачи излегле  да гласаат во  изборната единица Пешкопеја и Тирана додека најмалку во јужнио град Ѓирокастро.

Во текот на нокта продолжи пребројувањето , и првите неофицијални резултати се очекуваат денеска попладне .

Може да се оцени дека формирањето на нова албанска влада ке биде тешко бидејки резултатите ке бидат со еден или два пратеници разлика , така што се ке зависи од евентуално добивање на мандати на помалите партии .  Премиерот Еди Рама три дсена пред изборите очигледно поради добро познавање на  резултатите од изборите , му понуди на претседателот на опозиционата Демократака партија Лулзим Баша по изборите формирање на заедничка влада , но Баша таа понуда ја одби.  Се очекува без разлика кој ке биде победник таа победа да биде тесна а формирањњето на владата  мачно .

К. Мимидиноски

Back to top button
Close