(Видео) Посетители се изживуваат врз лавицата Бела во скопската зоолошка, објавиле на „Тик Ток

 

На социјалната мрежа „ Тик Ток” објавено е видео кое  не згрози сите, а во кое гледаме вознемирување и изживување врз лавицата Бела, информира на Фејсбук Зоолошка Градина.

„Во Скопје Зоо доаѓаат прекрасни посетители, нашите вработени се постојано на терен, но некогаш и една минута е доволна за некој несовесен да го направи ова, прекачен преку заштитните огради во делот кој е забранет за посета. Снимателот и лицето од видеото ќе бидат пријавени во полиција, а Зоо Скопје отсега ќе има и дополнително обезбедување. Нема да дозволиме никој да ја загрози благосостојбата на животните! Лицата ќе одговараат за ова дело“ се вели во објавата на Зоо на Фејсбук.

Back to top button
Close