Со една иста лажичка причест, НИКАКО

“Не треба со едно лажиче да се причестуваат”, не е доволно без објаснување зошто е тоа опасно за христијаните.


Од почеток добивате половични информации, па затоа и се лажете дека можеби не е така.
Вирусот САРС-КоВ-2, освен во респираторниот систем, сигурно веќе разбравте дека може да предизвика проблеми со срце, мозок, бубрези итн, но можеби не разбравте дека предизвикува и проблеми во устата, како губење на вкус, афти, сува уста итн.
Научниците истражувале и докажале дека покрај респираторните капки, плунковите капки се одличен преносител на вирусот.
Затоа вирусот од лани се детектира и преку тестови кои се работаат исклучиво од плунка.
АЦЕ2 и ТМПРСС2 рецепторите кои овозможуваат врзување на САРС-КоВ-2, ги имаме во плунковите жлезди и во одредени слоеви на ткивото во устата.
Добро се познати ситуации во кои устата покрај дишните органи била извор на вируси – пеење, викање, кашлање, кивање.
Од друга страна, овој вирус може да се пронајде со часови активен на површини како метал или пластика. Така да, било која лажичка ако се употребува од друго лице, може да ви принесе од овој вирус при причестување, дури и златна да е, ако предходно била изложена на плунка од инфицирано лице.
Не се лажете дека во црква нема да дојдат болни, ги има и такви што ќе дојдат причеста да ги излечи. Но еве и да нема со симптоми, до 60% од сите Ковид инфекции, се случуваат од лица без никакви симптоми или лица кои по ден два ќе покажат симптоми на Ковид болест.
И уште ова да напоменам.
Британската варијанта, која во моментов е доминантна, има 50-70% поголема инфективност, односно можност да ве зарази со помала количина на капки со вируси од оригиналниот САРС-КоВ-2, кој лани за Велигден беше доминантен во светот.
Така да, со една иста лажичка причест, НИКАКО!

Д-р Илчо Ефкоски

Back to top button
Close