Летно бегство: Безгрижни денови полни топлина со Fashion Group!  

-Не постои ништо поубаво од звуците на водата… Се сеќавате на тоа чувство, нели?

-Ова лето, пронајдете се себеси во мирот што го нудат топлите денови, создавајќи сосема нови приказни без да се навраќате на старите…

-Ова лето, стилските парчиња облека нека зборуваат за вас…Да отвориме нова врата во чии хоризонти ќе заборавиме на грижата, а ќе се грижиме само за убавите нешта…

Инспирацијата за летната кампања ја најдовме во убавините што со себе ги носеше летото порано, оние на кои заборавивме изминатиот период, а сè уште се тука и постојат.

Токму тоа беше нашиот главен фокус одбирајќи ги парчињата на кои сакавме да ставиме акцент оваа сезона, а сепак да допреме до сечиј вкус и да го обоиме летото, овојпат со локација во прекрасната Струга.

Се чини и успеавме во тоа. А што е летото без многу колорит? Оваа сезона заборавете на темните нијанси и целосно препуштете им се на впечатливите бои кои секогаш се толку привлечни.

Ретро призвукот нека ви биде прв на ум кога станува збор за одбирањето на нови парчиња, како ултимативен хит оваа сезона. Кошулите со цветен принт овојпат гласно говорат за себе, па ако се двоумевте дали да ја замените едноставната бела со некој ваков модел, целосно препуштете и се.

Бирајте храбри комбинации дури и кога станува збор за лежерната прошетка низ градот, па ако новиот костим за капење ви се допаѓа толку многу, без двоумење комбинирајте го со фармерки со висок струк и лежерна широка кошула.

Ова лето, бидете вистинска дива кога се комбинациите во прашање и повторно вратете му се на сиот оној гламур што се крие во свилените куси фустанчиња, дури и за интимното вечерно излегување од кое секогаш може да создадете нови спомени.

Уживајте во нашата колоритна ода целосно посветена на летото и на сите оние безгрижни денови во кои уживавме да живееме и на кои секогаш можеме повторно да им се вратиме.

Оваа топла сезона, целосно истакнете ја вашата внатрешна убавина дополнително украсена со сите шик парчиња од новите колекции на брендовите на Fashion Group и обновете ги летните спомени што секогаш долго се паметат.

Фотографија: Бојан Стоилковски

Модели: Денис Јовановиќ и Андријана Илиоска

Шминка и фризура: Зоран Шурбевски

Организација и стилисти: Fashion group

Локација: Хотел Изгрев, Струга

комерцијална објава – 

Back to top button
Close