Oсмани: Свесен сум дека некој од предложените ке предизвика бура во јавноста но сакам дебата а не монолог

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, вели дека е свесен оти дел од имињата кои ги претстави како дел од Стратегискиот совет ќе предизвикаат бура во јавноста, но го брани составот со тврдење дека сакал да има луѓе кои се со спротивставени мислења и со кои ќе има дебата, а не монолог.

„Инсистирав да има луѓе кои имаат и политички ставови, но кои не зависат од дневната политика. Покрај нивната експертиза, нивно искуство, јас исто така барав луѓе со спротивставени политички ставови, бидејќи не сакам тоа да биде монолог во кој ќе се поддржуваме за позиции. Сакав во тој стратешки совет да има дебата, дури и контроверзна, бидејќи има луѓе кои размислуваат како Валентина Божиновска. Срѓан Керим беше претседател на Собранието на Обединетите нации, тој беше поранешен амбасадор, тој дури двапати претходно беше министер за надворешни работи во претходниот систем. Јас не сум ниту обвинител ниту судија, но заинтересиран сум во оваа стратегија да ги вметнам искуството, знаењето, различните погледи на луѓето, затоа што има луѓе во Северна Македонија, кои споделуваат различни мислења, различни ставови од моите, од оние на мнозинството“, изјави Османи на Алсат ТВ.

 

 

Back to top button
Close