СДСМ одлуката на Шекеринска за повлекување ја слушнала од јавноста
Поранешната заменик-претседателка на СДСМ, Радмила Шекеринска во вечерашното интервју на Канал 5 откри дека својата одлука да се повлече од партиската функција прво ја кажала во јавноста, а не во партијата.
-Јас имав многу прашања, дали ќе се укине функцијата. И се покажа дека тоа не е точно. Мислам дека она што беше важно е дека јас имав прилика тоа да го соопштам во јавност, не на моја иницијатива. Имав новинарско прашње, и не сакав да го одмолчам прашањето. Тоа некогаш се доживува како непланирано. Кога таква одлука ќе донесете, и ќе ја соопштите само во партијата, тоа се доживува како ајде сега очекувам да ме разубедите. Кога не сум сигурна ќе молчам, но кога ќе кажам сакам тоа да биде дефинитивно. Затоа сакав прво да го соопштам во јавност, размислив неколку секунди и одговорив на новинарското прашање, за да биде на чисто дека ова не е обид за игра. За да ви тежи зборот, треба да го давате кога навистина го мислите, вели Шекеринска.