Кичевчанец настрада во пожар во својот дом

Осумдесет и тригодишниот Ф.Д. од Кичево бил пронајден мртов во својот дом, откако претходно соседите забележале дека се шири чад од неговата куќа.

Како што информира портпаролот на СВР-Охрид, Стефан Димовски, случајот бил пријавен во кичевската полиција вчера на 21 мај околу 17:50 часот.

„По наредба на јавен обвинител извршен е увид и во присуство на Службата за итна медицинска помош од Здравствен дом–Кичево, констатирано е дека кај него настапила смрт поради труење (интокситација) со јагленород моноксид и изгореници по телото“,информира Димовски.

Back to top button
Close