Фокус: Ќе го открие ли обвинителството „болниот ум“ на Диво насеље?

Помина една година откако директорот на Агенцијата за разузнавање Еролд Муслиу до обвинителството поднесе нови докази поврзани со случајот „Диво насеље“. Тој не откри многу детали, но се појавија очекувања дека можеби со новите докази ќе се стигне до организаторите, логистиката и мотивот за вооружениот напад, од пред шест години, во кој загинаа 8 припадници на МВР, а 37 беа повредени. За разлика од извршителите кои завршија зад решетки, сценаристите на крвавиот настан се уште се на слобода.

-За мотивите на групата јасно е дека преовладувал политичкиот мотив за ангажирање на припадниците, иако се спомнува и финансискиот момент, истакна пред една година Муслиу.

 

Тој потенцираше дека мозаикот може да се склопи со сознанијата кои се наоѓаат кај дел од осудените, потенцирајќи дека со смртта на водачите на терористичката група Бег Ризај и Мирсад Ндрецај не исчезнале сите тајни.

-Не биле само тие двајца коишто имале контакти со службите за безбедност, поентираше Муслиу, алудирајќи на вмешаност на оперативци од Агенцијата за разузнавање.

Но, и по речиси една година од Обвинителството се уште нема одговор дали доказите се доволни за да случајот повторно се отвори. Од Обвинителството добивме одговор дека се работи по предметот, пишува Фокус.

Повеќе

Back to top button
Close