Ќучук: Тешко почеток на преговорите во јуни
Во вечерашното издание на „Клик Плус“ на ТВ21, известувачот за Македонија, Илхан Ќучук дебатираше околу македонско-бугарскиот спор и одлуката за почеток на преговорите со ЕУ за Македонија.
Според него, не треба да се очекува Македонија да ги почне преговорите во јуни, со оглед на случувањата во Бугарија и немањето влада, односно во моментов таму владее техничка влада.
– Ако гледаме на тоа како статичен феномен, односно бараме одреден датум кога Гордиевиот јазол би се разврзал, тогаш веројатно нема да најдеме датум, колку и да се обидуваме да го најдеме. За мене големиот разговор е како може да се создаде позитивна политичка атмосфера меѓу двете страни заснована на убедување дека ќе треба да одиме по патот на Европската унија заедно, рече Ќучук.