Бесими-Кундурос: Има голем потенцијал за продлабочување на економската соработка со Грција

Бесими: Приоритет е побрзо враќање до солиден економски раст, можна корекција на проекциите за годинава - МИА

Економската соработка со Грција има голем потенцијал за проширување, што може да биде поддржано и преку потпишување на меѓудржавни договори за заштита на инвестициите и избегнување на двојното оданочување. Ова беше дискутирано на денешната протоколарна средба помеѓу министерот за финансии Фатмир Бесими и амбасадорот на Грција во земјава Русос Кундурос.

Северна Македонија и Грција немаат склучено Договор за одбегнување на двојно одданочување. Годинава двете земји разменија текстови на модел на договорот и во тек е разгледување на содржината на одредбите на грчкиот договор, стои во соопштението на Министерството за финансии.

Исто така, двете земји немаат Договор за поттикнување на заемна заштита на инвестиции. Потпишување на ваков документ, за што има интерес од нашата страна, може да даде поддршка за раст на инвестициите помеѓу двете земји.

Приливот на странски директни инвестиции од Грција во последните десет години изнесува 130,3 милиони евра (или 4,4 отсто од вкупните СДИ во земјата). Грција е еден од нашите најголеми трговски партнери, но има потенцијал за продлабочување на соработката. Од почетокот на година, односно периодот јануари-април, извозот во Грција изнесува 55,2 милиони евра, што е раст за 7,3 отсто во однос на истиот период лани. Кај увозот е забележан раст од 20,5 отсто од почеток на годината, односно од јануари до април увезена е стока во вредност од 188 милиони евра.

Back to top button
Close