Приведена Австралијанка поради пречекорување на дозволениот туристички престој во државата

На граничниот премин „Меѓународен аеродром“ во Скопје од полициски службеници ноќеска е приведена Н.Д.(29) од Австралија.

Како што информираат од МВР, по извршена пасошка контрола и проверка во службените евиденции било констатирано дека Н.Д. го има пречекорено дозволениот туристички престој во Република Северна Македонија.

-Лицето е предадено на полициски службеници од Одделението за странци и реадмисија – Скопје за понатамошна постапка, се наведува во соопштението на МВР.

Back to top button
Close