Братски механизам

Кога бугарскиот претседател Румен Радев среде Брисел ќе изјави дека на сите треба да им биде јасно оти само од нив зависи европската иднина на Македонија и дека ако Македонците не ги прифатат барањата на Бугарија да кажат дека се Бугари тие ќе продолжат да ја блокираат европската иднина на соседот, тогаш тоа веќе не е ни изживување врз малата балканска држава што сака да стане членка на ЕУ.
Тоа е силување што се случува пред очите на цела Европа.
Па уште и на крајот на заканата Радев ќе запечати дека тие биле должни да им помагаат на браќата. Каков брат е тој што те силува и силувањето го претставува како помош?
И каква фамилија е таа во која сите гледаат како еден од нив силува послаб и понемоќен од него, а тие кревеат раменици и викаат: Што да правиме, Бугарија е една од нас?
Бугарија буквално ја силува малата, кревка Македонија, а цела ЕУ гледа и сите викаат „не е фер“, многу сме разочарани“, „жал ни е“…
Ама што да правиме, фамилија ни се и таков ни е механизмот на одлучување. Баш сè може да биде причина за вето.
Тие во ЕУ биле многу разочарани дека не успеале да ги започнат преговорите со Македонија и Албанија. Ние одамна го преминавме прагот на разочараност.
Ние веќе не сме разочарани. Ние сме гневни. Бугарија нè мрази. Сака да нè снема. И навистина одбивам да го сметам за брат или сестра некого што ме мрази.
Едно чудо услови ни поставија. Задачи ни дадоа. Самите кажаа дека сме ја напишале домашната. Закони сменивме. И името го сменивме. Што уште друго треба да направиме?
И тоа само за да почнеме прегивори со ЕУ. Не – да влеземе во ЕУ. Уште Бугари да станеме.
Целата колумна на Горан Михајловски тука






