Премиерот Заев поднесе писмено барање за издавање на пасош со „Република Северна Македонија“

Премиерот Зоран Заев денеска аплицирал за подигнување на нов дипломатски пасош со името „Република Северна Македонија“.
Заев во интервју за ТВ21 во петокот, најави дека тој во понеделник сабајле ќе го земе првиот пасош со „Република Северна Македонија“.
„Тоа се подготвени документи, министерот за внатрешни работи ми ги презентираше во вторникот на Владата и буквално, од петок ќе почне реализацијата. Еве уште едно ново исполнување од наша страна на Преспанскиот договор“, истакна Заев за ТВ21.






